Македонската кошаркарска репрезентација денеска во Виена го започнува вториот претквалификациски циклус за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Денешниот натпревар во Виена ќе има и посебно значење за капитенот на Македонија. Војдан Стојановски е на само еден чекор од магичната бројка од 100 настапи во дресот на националниот тим. Против Австрија, Стојановски треба да го забележи својот 99. настап за Македонија, а јубилејниот 100. меч би требало да го одигра во ноември, на домашен терен, против Кипар.
„Нашата цел е јасна – победа против Австрија. Но, за да го оствариме тоа, ќе мора да бидеме перфектни и борбени во текот на сите 40 минути. Не треба да нè залажува нивниот пораз од Кипар. Играат на домашен терен и тука секогаш се менуваат работите.
Имаме добар тим. Штета што го немаме и Андреј Јакимовски, бидејќи за првпат ќе бевме комплетни. Иако имавме малку проблеми со здравствениот билтен, сепак трениравме добро и се подготвивме за овој натпревар. Се надевам дека и ние ќе имаме поддршка од трибините. Македонците во Австрија најавија поддршка, која ќе биде од огромно значење“, истакнува Стојановски.
Војдан уште еднаш капитенски ќе ја предводи Македонија во натпреварот со Австрија што почнува во 16:05 часот.
Дуелот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇 👇 👇


























