Поранешниот селектор на на машката сениорска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, ќе го предводи вице-шампионот Маџари.

Илиевски застанува на чело на клубот кој во ланската, дебитантската сезоната се стигна се до финалето.

Илиевски, кој е и еден од коосновачите на клубот и идеолог на овој проект, се враќа дома – во Маџари. Тој ќе ја ја предводи екипата во домашното првенство и во дебито во АБА2 лигата.

Тој е едно од најквалитетните имиња во македонската кошарка, со значајно меѓународно искуство, освојувач на трофеи и тренер зад кого стојат бројни успешни проекти. Во својата тренерска кариера, Илиевски водеше повеќе македонски екипи, а имаше и ангажман во странство. До минатата сезона тој беше спортски директор на битолски Пелистер.

Она што е најавено од клубот е дека настапите во АБА2 лигата тимот на Маџари ќе ги игра во СЦ„Јане Сандански“.