Македонската младинска ракометна репрезентација до 20 години втор пат се израдува на Европското првенство во Романија.
По тешкиот почеток во групната фаза, избраниците на селекторот Игор Илиевски ги консолидираа своите редови на теренот. Нашите млади ракометари остварија убедлива победа против селекцијата на Турција со резултат 41:24 во Клуж-Напока. Овој убедлив триумф дојде по претходно извојуваната победа над Летонија со 35:31.
Мики Лазов се истакна како најефикасен стрелец со девет гола, додека Бобан Поповски заврши со шест, а Ѓурмешевиќ со пет гола.
Следниот предизвик за нашите ракометари е дуелот против селекцијата на Полска, утре (петок – 13.30 часот). Тоа ќе биде натпревар од разигруваат за пласман од 17 до 20 место.

































