Македонскиот вицепрвак Шкендија продолжува во втората руна од квалификациите на конференциската лига.
Тетовци целата работа во дуелот против гибралтарскиот состав на Европа си го завршија уште на првиот меч. Нагости таму што им ја славеше со убедливи 5-0, па денешниот реванш натпревар беше само чиста формалност. Дуелот одигран вечерва на арената „Тодор Проевски“ во Скопје тетовци го добија со 1-0.
Без многу замарање, избраниците на Артим Положани го одработија овој меч. Речиси да не видовме ама буквално ништо конкретно на двете страни. Најблиски тетовци до прв гол беа во 67.минута кога Зејнулаи ја погоди пречката.
Конечно отпорот на екипата од Гибралтар, макеоднскиот вице-првак го скрши во 86-тата минута.
По убавата соло акција од десната страна, 23-годишниот Крстевски откосо, баеше неодбранливо под пречката на гостинскиот голман.
Така тетовската екипа го верификува својот пласман во следната рунда. Во второто квалификациско коло тетовци ќе играат против словенечката екипа на Браво. Првиот натпревар ќе се игра на гостински терен, веќе следниот четврток, а реванш од во Скопје е седум дена подоцна.



































