Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, денеска го почнува новиот настап во ЦЕВ Европската лига. Годинашното издание на ова натпреварување е и дел од квалификациите за следното Европско првенство во 2028 година.

Низ три турнири и шест натпревари, македонските одбојкари ќе бираат пласман во силната конкуренција. Задачата нема да биде ни малку лесна, бидејќи во тимот ќе недостасува еден од најдобрите наши одбојкари. Александар Љафтов поради повреда ќе го прескокне ова натпреварување.

Трката за висок пласман., Македонија ќе ја почине на домашен терен во салата „Парк“ во Струмица. Тука ќе гостуваат селекциите на Холандија и Луксембург.

Попладнево Македонија ќе игра против секогаш силната холандска репрезентација. Утре, Македонија е слободна, а во недела ќе игра против Луксембург.

Сите натпревари ќе се играат во терминот од 19 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇