Женскиот ракометен шампион на Македонија, тимот на Ѓорче Петров се засили со две нови ракометарки во пресрет на новата сезона.

Станува збор за поранешната членка на клубот, Ана Марија Коларовска, која повторно се враќа во Ѓорче. Таа во претходната полусезона настапуваше за хрватскиот тим Брод, каде се истакна со одлични игри и стабилни настапи.

Второто засилување е 19-годишната црногорска ракометарка Аника Јовановиќ, која игра на позицијата десно крило. Таа доаѓа од редовите на Будуќност, важи за еден од најголемите таленти во црногорскиот ракомет. Аника има репрезентативно искуство – настапувала за кадетската, а сега е дел од младинската селекција на Црна Гора.

Ѓорче Петров минатата сезона ја освои двојната круна во Македонија, а во претстојната сезона ќе се натпреварува во Регионалната лига, како и во ЕХФ Европскиот Куп.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи