Ракометниот стратег Симе Симовски од наредната сезона ќе го преземе кормилото на ЖРК Спартак.

Искусниот тренер, зад себе има богата кариера во македонскиот женски ракомет. Тој ќе биде нов предводник на тимот со цел остварување на високи амбиции во домашните натпреварувања.

Во својата тренерска кариера Симовски има работено во повеќе клубови, а најголемите успеси ги оствари со ЖРК Ѓорче Петров, со кој освои повеќе шампионски титули и куп-трофеи.
Тој беше и селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, со што дополнително го потврди својот квалитет и искуство на највисоко ниво.

ЖРК Спартак во изминатата сезона прикажа значителен напредок и се вброи меѓу најпријатните изненадувања во женската Супер лига. Клубот оствари голем успех со освојување на второто место во Купот на Македонија.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи