Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои сребрен медал на силниот тунрнир во Луксембург во серијата на Г-1 опен.
Во првото коло нашата олимпијка ја победи Гифер Изабел од Германија со 2:0 во рунди, а во второто беше поуспешна од Сабин Изебел од Луксембург исто така со 2:0 во рунди.
Во полуфиналето победа над Ебнутабим Сомаја од Германија со 2:0 во рунди. Сепак, во во финалето Милијана беше поразена од Македо од Бразил со 0:2 во рунди.



































