Најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси не го доигра синоќешниот натпревар на Интер Мајами против Филаделфија Јунион.

Дуелот кој заврши со 10 голови, а рекордни 8 во првото полувреме, го доби Интер со 6-4.

Најдобриот стрелец во МЛС лигата, Лионел Меси не се запиша во листата на стрелци. Но тоа по три пати го сторија Македонецот, Илиоски и Уругваецот, Суарез.

Капитенот на светскиот првак Аргентина, во 73.минута, побара замена и предвреме го заврши натпреварот. На Меси не му беше потребна дополнителна помош додека го напушташе теренот или се упатуваше кон соблекувалната.

Засега нема информација дали се работи за посериозна повреда на Меси, кој треба да биде предводник на Аргентина на Мундијалот во одбраната на титулата.

Меси изјави дека би играл на Светското првенство само ако е здрав. Аргентина започнува со натпреварите во групната фаза на 16 јуни.

Меси веќе има настапено на пет Мундијали, освојувајќи ја Златната топка како најдобар играч на турнирот двапати. Првпат тоа му успеа на Меси во 2014 година, а потоа повторно во 2022 година кога ја предводеше Аргентина до титулата.