Екипите на Интер Мајами и Филаделфија Унион одиграа неверојатен натпревар во ој беа постигнати 10 голови. Дуелот од 15.коло во МЛС лигата го доби тимот од Флорида со 6-4, а верувале или не, Лионел Меси не беше стреел.

Дуелот го одбечежаа, Македонецот, Милан Илиоски и Уругваецот, Луис Суарез кои остварија хет-три.

Стрелец на првите два гола беше Милан Илиоски фудбалерот кој има македонско потекло. Токму Илиоски донесе предност на гостинскиот тим од 0-2. Тој се запиша во листата на стрелци и во судиското дополнение на првиот дел кој заврши 4-4.

И на спротивната страна, Уругваецот, Луис Суарез постигна два од трите гола во првото полувреме и еден на крајот на натпреварпот. Два гола постигна и Мексиканецот, Бертрам. Во листата на стрелци, за домашниот тим се запиша Аргентинецот, Де Пол. Но, овојпат таму го немаше најдобриот стрелец во лигата Лионел Меси. Капитенот на Аргентина предвреме го заврши натпреварот.

Семејството Илиоски со богато фудбалско педигре

Инаку Илиоски е еден од тројцата браќа (Брајан и Ерик) кои исти така играа фудбал. Тројцата оставија историски настап во колеџ лигата настапувајќи за екипата на УСЛА (UCLA). Највпечатливиот момент во нивните кариери се случи во октомври 2017 година на натпревар против Сан Диего Стејт. УСЛА победи по продолженија со ,,златен гол” постигнат од Ерик, а во акцијата учествуваа сите тројца браќа.

Љубовта кон фудбалот на триото браќа потекнува од нивниот татко Мајк Илиоски кој исто така бил фудбалер, но и нивни ментор (тренер).