Новиот македонски фудбалски шампион Вардар уште од сега почна со формирање на екипата за следната сезона. Иако до крајот на оваа остануваат три дена, вардарци, веќе договорија четворица фудбалери за следната.

Од таборот на „црвено-црните“ информираа дека постигна договор за продолжување на соработката со еден од клучните фудбалери Горан Закариќ.

Покрај Босанецот, во тимот следната сезона ќе останат и голманот Методија Велковски и стоперот Ненад Мишковски.

Продолжена е соработката и со Филип Дурански кој игра во средниот ред.

Од поодамна се знаеше дека македонскиот селектор Гоце Седлоски со крајот на сезоната ќе замине од Вардар. Него ќе го наследи Аргентинецот, Кристијан Фабиани. Веќе е познато дека и актуелните фудбалери Ненад Мишковски и Филип Дурански по завршувањето на тековната сезона, ќе му помагаат на Аргентинецот во стручниот штаб.