на домашната спортска сцена, денеска само еден натпревар и тоа во машката кошаркарска Супер лига во однос на фазата ТОП-6.

Со дуело во Скопје, каде шампионот МЗТ Скопје Аеродром е домачќин на Тиквеш стартува третата рунда во оваа конкуренција. Натпревцаротр ќе се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“, а ќе почне до 18 часот.

За утре закажана натпреварот меѓу Маџари и Кожув, а дербито на ова коло ќе се игра во петок во Битола. Таму трето пласираниот Пелистер ќе го пречека лидерот на табелата составот на ТФТ.

Овој натпревар се игра подоцна од останатите, поради настапот на тимот од Тафталиџе во финалето на АБА2 лигата. Во него ТФТ утре го чека гостување кај Широк бријег.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) | ПЛЕЈ-ОФ 3 КОЛО

Вторник
18.00 МЗТ СКОПЈЕ A. – ТИКВЕШ 18 ч
Среда
17.00 МАЏАРИ – КОЖУВ
Петок
19.00 ПЕЛИСТЕР – ТФТ

Standings provided by Sofascore