На престижната церемонија „Лауреус“ одржана во Мадрид, тенисот ја потврди светската доминација.
Најдобрите светски тенисери Карлос Алкараз и Арина Сабалена се прогласени за најдобри спортисти на светот за 2026 година.
Младиот Шпанец испиша нова историја во својот роден град и стана најмладиот добитник на оваа голема награда. Алкараз во 2025 година освои два Грен слем трофеи. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го доби признанието во женска кокуренција. Сабаленка доминираше на ВТА листата во текот на целата година. Нејзината победа на УС Опен беше клучна за овој триумф. Наградите ги доделија легендите Икер Касиљас и Луис Фиго.
За најдобар колектив беше прогласен фудбалскиот клуб ПСЖ. Ламин Јамал ја доби наградата за најдобар млад спортист. Ландо Норис беше награден за најголем спортски пробив. Рори Мекилрој се закити со признанието за најдобро враќање.
Церемонијата во Мадрид ги собра најголемите спортски имиња и беше центар на светскиот спортски крем.




























