Возбудлива ноќ во НБА лигата донесе неверојатни индивидуални партии и важни победи за фаворитите.

ЛА Лејкерс славеа на гостински терен против Индијана со конечен резултат 130-137.

Лука Дончиќ продолжи со својата доминација и постигна 43 поени на овој дуел. Словенецот има серија од 11 натпревари со над 30 постигнати поени. Остин Ривс додаде 25 поени, додека Леброн Џејмс заврши со 23 поени во триумфот. Одличен беше и Џаксон Хејс кој забележа дабл-дабл учинок од 21 поен и 10 скока.

Ова беше десеттата победа на последните единаесет одиграни натпревари за Лејкерси.


Денвер Нагетс беа подобри од Далас Маверикс во најефикасниот меч со 142-135.

Никола Јокиќ испиша историја и ја помина границата од 6.000 асистенции во кариерата. Српскиот центар оствари нов трипл-дабл со 23 поени, 21 скок и 19 асистенции. Најдобар стрелец на вечерта беше Џамал Мареј со рекордни 53 поени за него во оваа сезона.


Бостон Селтикс го добија дербито против Оклахома Сити Тандер со 119-109.

Со овој пораз беше прекината серијата од 12 последователни победи на гостинскиот тим. Џејлен Браун блесна со 31 поен, од кои дури 14 постигна во клучната трета четвртина. Џејсон Тејтум му помогна на својот тим со учинок од 19 поени и 12 скока. Кај поразената Оклахома најмногу се истакна Шај Гилџус-Александер кој реализираше 33 поени.