Втората половина од ревеш осминафиналните дуели во Лигата на шампионите ќе се играат денеска.
По нив ќе ги дознаеме останатите три пара за четвртфиналето. Во него веќе е познато делка Арсенал и Спортинг Лисабон ќе играат меѓусебно.
Но уште од сега се наѕира уште еден пар и тоа големо дерби. Имено минхенски Баерн има огромна предност од пет гола во реваншот со Аталанта кој ќе го игра пред својата публика. Баварците формално треба да го потврдат пласманот во четвртфиналето во кое ќе играат против Реал Мадрид.
Во ТОП-8 веќе се гледа и Атлетико кој на гостувањето кај Тотенхем влегува со предност од 2-5 по првиот дуел во Мадрид. Ако не дојде до сензација, тогаш Атлетико и Диего Симеоне повеќе ќе размислуваат за втората англиско-шпанска пресметка. Во неа играат Барселона и Њукасл кои ќе почнат од „нула“ (1-1). Тие ќе го дадат противникот на Атлетико во четвртфиналето.
Актуелниот европски првак ПСЖ пак, ќе го чека исходот од натпреварот на „Енфилд“. Во него, Ливерпул против Галатасарај ќе треба да надополни гол негатива од Истанбул.
ЛИГАТ НА ШАМПИОНИ – 1/8 ФИНАЛЕ
Реванш среда 18 март
БАРСЕЛОНА – ЊУКАСЛ 18.45 часот (1-1 прв натпревар)
БАЕРН МИНХЕН – АТАЛАНТА 21 часот (6-1)
ТОТЕНХЕМ – АТЛЕТИКО МАДРИД (2-5)
ЛИВЕРПУЛ – ГАЛАТАСАРАЈ (0-1)





































