Вечерва, официјално, ќе ги дознаеме првите четири тима што ќе обезбедат пласман во четвтфиналето на фудбалската Лига на шампиони. Денеска и утре на програмата се реванш дуелите од осминафиналето. Дури три од нив ќе се играат во Англија.

Веќе се наѕираат повеќе половина од учесниците во ТОП-8, откако на првите средби, дел од тимовите славеа убедливи победи. Такви се случаите денеска со Реал Мадрид, ПСЖ и Бодо Глимт.

Иако Реал гостува кај Манчестер Сити, сепак „кралевите“ со себе во Англија понесоа три гола предност од првиот меч во Мадрид. Таков е случајот и актуелниот европски првак ПСЖ и данскиот Бодо Глимт.

Парижаните во Лондон, ќе стартуваат со 2-5 по првиот дуел против Челзи одигран во Париз. Тимот кој е сезонава вистинска сензација во елитното натпреварување, Бодо Глимт во Лисабон против Спортинг ќе има стартни 0-3.

Во Англија, односно Лондон истовремено ќе има двојна програма. Покрај Челзи – ПСЖ, ќе се игра и натпреварот Арсенал – Баер Леверкузен. Германскиот тим ја прекина низата од осум победи на Арсенал, па „топчиите“ вечерва ќе мора да се помачат, за да потврдат зошто како први ја завршија групната фаза.

Овде 👇👇👇 може да ги видите и да се потсетите на головите од првите натпревари.

ЛИГАТ НА ШАМПИОНИ – 1/8 ФИНАЛЕ

Реванш вторник 17 март
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – БОДО ГЛИМТ 18.45 часот (0-3 прв натпревар)
МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД 21 часот (0-3)
АРСЕНАЛ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН (1-1)
ЧЕЛЗИ – ПСЖ (2-5)
Реванш среда 18 март
БАРСЕЛОНА – ЊУКАСЛ 18.45 часот (1-1 прв натпревар)
БАЕРН МИНХЕН – АТАЛАНТА 21 часот (6-1)
ТОТЕНХЕМ – АТЛЕТИКО МАДРИД (2-5)
ЛИВЕРПУЛ – ГАЛАТАСАРАЈ (0-1)