Последниот натпревар од 18.коло во машката кошаркарска Супер лига е и дерби дуелот. Во него ќе се сретнат двете водечки екипи на табелата ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром.

Иако двата тима имаат идентичен учинок (16-1) сепак составот од Тафталиџе има бод предност. Ова по административниот пропуст на аеродромци, кои службено го загубија, добиениот, натпревар со Ангели. Единствениот пораз пак ТФТ го претрпе од шампионот МЗТ кога во октомври месец загуби во „Јане Сандански“ со 80-67.

Дербито доаѓа по елиминацијата на МЗТ во АБА2 лигата во која синои-белите не успеаја да обезбедат плеј-оф. Затоа пак во разигрувањето ќе го гледаме вице-првакот ТФТ кој веќе во вторник ќе го игра првиот четвртфинален натпревар против Златибор.

Ова е дуело кој директно може да решава за првата позиција а табелата по завршувањето на регуларниот дел од сезоната. Таа пак носи привилегија во плеј-офот и предност на домашен терен во борбата за шампионскиот трофеј.

Потсетување дека овие две екипи минатата сезона играа во финалето, кое аеродромци го добија.

Денешниот меч меѓу ТФТ и МЗТ Скопје ќе се игра во Негорски бањи, со почеток од 17 часот и тоа без присуство на гостинската публика.

Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ👇👇👇 .