Со трите вечерашни натпревари, комплетирана и првата рунда од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Дербито на вечерта се играше на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, каде Реал го пречекува Манчестер Сити, а натпреварот го реши Федерико Валверде. Уругваецот со хет-трк му донесе победа на Реал со 3-0. Сите три гола Валверде ги постигна во првото полувреме (20, 27 и 42.минута). Реал може да жали што не победи и поубедливо, бидејќи имаше неколку големи шанси да постигне уште некој гол. Најголемата ја пропушти Винициус кој во 58.минута не реализира пенал. Гостинскиот голман Донарума го одбрани неговиот удар, а Италијанецот уште во неколку наврати го спасуваше голот на англискиот тим.
На натпреварот во Париз, каде актуелниот европски шампион ПСЖ беше домаќин на Челзи беа постигнати пет голови. Домаќините славеа победа со 5-2.
Парижаните постојано имаа гол предност, а сините од Лондон во два наврати успеваа да ја анулираат негативата. Баркола во 10-минута го отвори резултатот, а Густо во 28-мата израмни. Во финишот на првиот дел (42) Дембеле повторно донесе предност на ПСЖ (2-1). По само 12.минути игра во вториот дел (57) Фернандез израмни на 2-2. Дека „светците“ се решени да победат пред своите симпатизери, потврди Витиња кој во 74.минута погоди за 3-2 за ПСЖ. Следуваа двата гола на Кварацкелија во самиот финиш (84 и 90+4) за конечни и убедливи 5-2 за ПСЖ.
Дека тимот на Бодо Глим не случајно е меѓу 16-те најдобри, потврди и вечерашниот натпревар против Спортинг Лисабон.
Норвешкиот првак направи уште едно големо изненадување и славеше победа со 3-0 пред својата публика. Стрелци на головите беа: Фет од енал (32.минута), Бломберг (45+1) и Хогх (71).
Во Леверкузен тимот на Баер ја прекина победничката низа на Арсенал. Тимот од Лондон кој во овој меч влезе со осум победи на осум натпревари, не успеа повторно да слави. Натпреварот заврши без победник 1-1.
Возвратните дуели овие екипи ќе ги играат во вторник 17 март.
Ако сте пропуштиле некои од головите во Лигата на шампионите, СИТЕ, АМА БАШ СИТЕ, може да го гледате овде на едно место. 👇👇👇





































