Женската ракометна репрезентација на Македонија, пропушти голема шанса да остане во игра за позициите што водат на Европскиот шампионат.
На гостувањето во Белгија, македонските ракометарки водеа се до 57.минута, но на крајот беа поразени со 26-25.
Одлично прво полувреме одиграа македонските ракометарки. Во повеќе наврати имаа и по три голови предност. Македонската репрезентација одлично го отвори натпреварот и поведе со 2:0. Сепак, Белгија брзо се консолидираше и израмни на 3:3. Нашите ракометари одговорија со серија од 3:0 за ново водство од 6:3, по што ја презедоа контролата врз играта. Во продолжението Македонија сигурно ја одржуваше предноста, не дозволувајќи му на противникот да направи пресврт. Иако Белгија постојано се обидуваше да се врати резултатски, нашата одбрана и трпеливиот напад не им дозволија целосен „кам-бек“. Во 24. минута Белгија намали на 12:11, но до крајот на првото полувреме Македонија успеа да ја сочува минималната предност и на пауза замина со водство од 15:14.
Во вториот дел, нашите ракометарки имаа и четири голови разлика. Во 38-та минута Македонија успеа да поведе со +4 (18:14) и изгледаше дека го контролира натпреварот, но тука подзастанаа. Белгија со серија од 4-0 повторно се врати во игра и израмни на 18:18.Нашата репрезентација не се предаде и повторно поведе со 21:19, но неизвесноста продолжи до самиот финиш. Во 53-тата минута Белгија израмни на 23:23, а потоа направи пресврт и поведе со 25:24. До крајот противникот успеа да ја задржи предноста и натпреварот заврши со минимални 26:25 во корист на Белгија. Им дозволија на Белгијките да го израмнат резултатот и да се вратат во игра. Така се играче се до 57.минута кога домаќинките прв пат поведоа 25-24. Имавме и три обиди во завршните секунди за израмнување, но не успеавме.
Нашата репрезентација и селекторот Кристијан Грчевски не најдоа решение за Миниа Смитс која постигна 11 голови за Белгија. Во нашата репрезентација прв стрелец беше Јована Кипријановска со седум голови. Сестрите Јанкуловска и Гакидова постигнаа по три гола.
Реванш натпреварот Македонија и Белегија ќе го играат во сабота (7 март) во Куманово со почеток од 17 часот.
Ивона Кимовска



































