двата денешни не натпревари во првата македонска фудбалска лига се директни дуели на екипи кои се борат за опстанок.
Во Гостивар и Скопје ќе се одиграат натпреварите од 21 коло, во кои Арсими го пречекува Тиквеш, а во Ѓорче Петров, Македонија е домаќин на Работнички.
На натпреварот во Гостивар, домашниот состав на Арсими (26) во дуелот со Тиквеш ќе влезе со два бода повеќе во однос на кавадарчани (24). Арсимин е седмо рангиран на табелата, позиција која засега гарантира опстанок во Првата лига. Веднаш зад него се кавадарчани на осмото место.
Македонија Ѓорче Петров пак е деветто пласирана со 20 бодови, колку што има и десеттиот битолски Пелистер. Затоа за ,,лавовите”” од Ѓорче императив е освојувањето на трите бода во дуелот со веќе прежалениот Работнички.
ПРВА ЛИГА – 21 КОЛО
среда 04.03
АРСИМИ – ТИКВЕШ 14 часот
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
четврток 05.03
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 14 часот
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 16 часот
вторник 03.03
БРЕРА СТРУМИЦА – СТРУГА Т.Л. 0-0
ШКУПИ – БАШКИМИ 0-2

































