Лионел Меси постигна два гола во пресврт победата на Интер Мајами кај Орландо Сити со 4-2. За актуелниот шампион Интер Мајами ова е прва победа сезонава во МЛС и прва на гостувањата во Орландо.

Домашниот тим во првиот дел имаше два гола предност со погодоците на Марко Пашалиќ (18) и Мартин Охеда (24 минута).

На почетокот на вториот дел (49.минута), Матео Силвети намали на 1-2. Само осум минути подоцна Меси со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот израмни на 2-2.

Пресвртот дојде во самиот финиш. Прво Сеговија (85.минута) додее водство за гостите, а триумфот го потврди Меси во последната минута. Аргентинецот со одмерен и прецисно изведен слободен идар ја затресе противничката мрежа за конечни 2-4.