Интер Мајами загуби на гостувањето кај Нешвил со 1-2 во реванш дуелот од првата плејоф рунда на МЛС лигата. Со овој резултат серијата е изедначена и ќе се игра „мајсторка“.
Нешвил поведе со два гола уште во првото полувреме, кои тимот од Флорида не успеа да се врати во игра.
Единствен момент на радост беше голот на Меси во 90-тата минута. Аргентинецот погоди по индивидуален продор од десната страна, постигнувајчи еврогол, но само го ублажи поразот.
„Мајсторката“ ќе се игра следниот викенд на терен во Мајами по што ќе се знае патникот во четврт-финалето.




































