Двата денешни натпревари од 20.коло во Првата лига, одиграни во Кавадарци и Гостивар понудија интересен фудбал.
На дуелот во Кавадарци, каде Тиквеш беше домаќин на Силекс, гостите од Кратово славеа со 0-1.
Првата голема шанса, уште во 3.минута, ја имаа гостите, кога Додев од 11.меѕри непречен од никого, биеше крај голот. Истиот фудбалер се закани и во 33.минута, а епилогот остана без ефект. Стојанов пак беше оној кој упати две закани по голот на кратовци.
Во второто полувреме, фудбалерите на Силекс тргнаа по офанзивно. Создадоа неколку шанси пред Португалецот, Пиреш во 63.мимута да им донесе водство од 0-1. Домаќините имаа неколку можности да стигнат до израмнување, но не успеаја.
Во вториот денешен натпревар во Гостивар, Арсими и Македонија Ѓорче Петров одиграа без победник 1-1 .
Гостите од Ѓорче, поведоа во 35.минута со голот на Ајдиган. Но, само три минути подоцна (38), Босанецот, Бешагиќ со прекрасен гол израмни на 1-1.
Ова 20-тото коло, ќе биде заокружено утре со натпреварот во Тетово, каде Шкендија ќе го пречека Пелистер,.
































