Овој викенд на програмата е 16.коло од женската Супер и Првата лига, со вкупно шест натпревари. Тие ќе се играат ка увертира на собирот на сениорската репрезентација која ја чека двомеч со Белгија во евро-квалификациите.
Денеска (сабота) ќе се одиграат четири средби, по две од двете конкуренции.
Од Супер лигата, во 13:00 часот во салата „Круме Кепески“ ќе се соочат екипите на Чаир и Вардар. Вториот натпревар од елитното друштво е закажан за 14:30 часот во Битола, каде Пелистер ќе го пречека составот на Ѓорче Петров.
Во Првата лига, програмата започнува во 13:00 часот во салата „Антон Димитров“, каде Шампион е домаќин на Јехона. Во вечерниот термин од 18:30 часот во Прилеп, Деспина ќе го пречека тимот на Атлетик.
В недела ќе се одиграат уште два натпревари. Во Супер лигата, Куманово ќе се соочи со Астибо во 13:00 часот во Куманово. Од Првата лига, во 14:30 часот во Струга, Стружанка ќе го пречека составот на Овче Поле.
Екипата на Ѓорче Петров МРК ќе биде слободна во ова коло. Натпреварот меѓу Спартак и Металург нема да се одигра поради повлекувањето на Металург од натпреварувањето.
Ивона Кимовска



































