Во натпревар од 16.коло на женската ракометна Супер лига, екипата на Чаир убедливо го совладаа тимот на Вардар со 33:27.

Натпреварот започна одлично за домашниот состав, кој уште во 5-тата минута стекна предност од 5:1 и најави дека ќе го диктира темпото. Од самиот почеток Чаир го наметна својот ритам, додека Вардар се обидуваше да ја намали негативата. Во 23-тата минута Чаир веќе имаше сигурна предност од 12:7, а до крајот на првото полувреме дополнително ја зголеми разликата. На пауза се замина со резултат 17:11 во корист на Чаир.

Во второто полувреме немаше значителни промени во однос на текот на играта. Во 34-тата минута Чаир веќе имаше двоцифрена предност (21:11). Вардарки се обидуваа да ја намалат разликата, но Чаир не дозволуваше пресврт. Во 51-та минута Вардар успеа да намали на 28:21, но немаше сили за целосно враќање во натпреварот. До самиот крај немаше резултатски промени кои ќе ја загрозат победата, па средбата заврши со конечни 33:27.

Најефикасна во редовите на домашниот тим беше Биљана Дамчевска со девет погодоци, додека кај Вардар се истакна Ивана Трифуновска со шест голови.

Ивона Кимовска