Фудбалерите на Брера Струмица го потврдија епитетот „незгоден гостин” и успеаја да слават со 0:2 гостувањето во Куманово против Башкими.
До петтата победа во десеттото гостување сезонава, Брера стигна по два одлични контранапади.
Првиот во претпоследната минута од првото полувреме (44) кога Ивановски ја искористи одлично асистенцијата од Тодоров. На вториот гол се чекаше се до самиот финиш. Во продолжението на натпреварот (90+2) Величковски го постигна својот прв погодок сезонава и го потврди важниот триумф за гостите.
Сега двата тима имаат идт бројот на бодови 26, но Брера сега е петта, а Башкими шести, во трката за обезбедување директен опстанок во прволигашката конкуренција.
ПРВА ЛИГА – 20 КОЛО
петок 27.02.
БАШКИМИ – БРЕРА 0-2
сабота 28.02.
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 13 часот
СТРУГА Т.Л. – ВАРДАР 14 часот
недела 01.03
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 14 часот
АРСИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 14 часот
понеделник 02.03
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 14 часот
































