Многумина ќе речат долго немаме погодено, но ние можеме да се пофалиме дека неколку пати само поради една на тикет не стигнуваме до добивка.
Така беше во средата, кога ГГ на Јувентус – Галатасарај не чинеше добивка и вмешување во трката по 1000 евра во Златна Копачка. Затоа за овој викенд одиме „претпазливо“, со 5 пара и фокус на фаворитите како би можеле да се пофалиме со прва добивка во 2026.
ЛИВЕРПУЛ vs ВЕСТ ХЕМ: 1 & 1+ 1+
Редно време е Ливерпул да почне да победува, сигурно и со голови. Затоа, не играме 1-1 туку играме 1 и 1+ 1+, бидејќи овие игри на голови во комбинација со победник во Златна Копачка се секогаш со повисоки коефициенти.
АРСЕНАЛ vs ЧЕЛСИ: Т1 2+
Ново лондонско дерби за топчиите, овој пат на домашен терен против Челси. Поддржани од домашните навивачи, нема зошто да не веруваме дека Арсенал ќе тргнат фуриозно и тука и очекуваме барем 2 гола да постигнат во мрежата на сините. Да не додаваме дека немаат пораз на последните 10 натпревари и 3 победи по ред, без примен гол против ривалот од западен Лондон.
ИНТЕР vs ЏЕНОВА: 1-1
По срамната елиминација во Лигата на шампионите, она што им преостанува на нероаѕурите е насочување кон домашното првенство. Па затоа бидејќи играат и во сабота, пред Милан, очекуваме да тргнат по победата уште од првата минута и типуваме 1-1. Тимот на Де Роси покажа дека знае да игра против фаворитите, но факторот „извинување“ на Интер пред домашните гледачи мислиме дека ќе биде присутен за победа со водство уште во првото полувреме.
РОМА vs ЈУВЕНТУС: ГГ
Директна битка за четвртото место, а можеби и трето, која ја типуваме дека ќе има барем по еден гол во двете мрежи. Претходните два дуели завршиле токму така, Рома влезе во форма со голови, Јувентус и дава и прима, така да типуваме ГГ со супер коефициенти.
ЛЕВЕРКУЗЕН vs МАИНЦ
Не би типувале 1 тука бидејќи Леверкузен играше дуел од Лигата на шампионите и оваа седмица и претходната, па веруваме дека тешките нозе ќе може да ги искористи Мајнц со еден гол во првото полувреме како би го отворил натпреварот. Одиме на посигурно, 1+ во прво и 1+ во второ.
Доколку ти фаќа око овој тикет, те советуваме да го уплатиш во сабота наутро од 9 до 11 часот, бидејќи тогаш во Златна Копачка има бонус од 10%!


























