Актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер, победнички ја стартуваше плеј-оф фазата во машката ракометна Супер лига.
Битолчани на гостувањето во Кавадарци убедливо го совладаа Тиквеш со 24-43 .
Освен на почетокот кога домаќините е водеа со 2-1 и 3-2, се останато мина во знакот на гостите од Битола. Зелено-белите брзо ја презедоа контролата на играта и имаа и највисоки седум голови предност на крајот на првиот дел 14-21. Продолжи Пелистер во ист ритам и во второто полувреме, а во него водеше и дури со 20 голови разлика.
Дејан Манасков со шест голови беше најефикасниот во победничката екипа, за која четворица играчи постигнаа по пет гола
Со новите бодови, а вкупно 40 Пелистер е на 2.место на табелата, зад Вардар кој има два повеќе. Вардарци утре ќе го игра дербито против Алкалоид. Тимот од Автокоманда со 35 бодови е четврти, а пред него е составот на Охрид со два бода повеќе (37).
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ 1 коло
28.02.2026 САБОТА
17:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД
18:30 АЛКАЛОИД – ВАРДАР
27.02.2026 ПЕТОК
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24-43


































