Македонска Каменица за прв пат е домаќин на завршницата на Купот на Македонија за кошаркарки.

Домашниот тим пак на Баскет кам во првото полуфинале за противник ќе ја има екипата на МЗТ Бела вода. Тоа е дуел на екипи кои играа во финалето на две од последните три изданија, и по еднаш се радуваа. Амбициите секако на двата тима се најмалку ново финале, кое за домаќинот, Баскет кам би било петто во низ.

КОШАРКА КУП МКД 2026 ЖЕНИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

 

Капитенот на Баскет кам, Катерина Поп-Димитровска смета дека се фаворити на овој турнир

„Честитам на сите присутни тимови тука. Посакувам добра игра. Се разбира, треба да покажеме фер плеј игра затоа сме сите дојдени. Можам со сигурност да кажам дека сме спремни и мотивирани, и како поискусни, со многу натпревари зад нас, купови, финалиња, полуфиналиња, верувам дека ќе ја оствариме нашата цел, овој пехар да остане тука. Но пред се, ќе уживаме овој викенд кој што следува а за сето она останато, нека победи најдобриот“.

Своите размислувања во пресрет на дуелот од полуфиналето со домаќинот, ги презентираше Горан Крстевски, шеф на стручниот штаб на МЗТ Бела Вода. 

„Реков фаворит затоа што Македонска Каменица четири години владее со македонската кошарка, и во првенството и во Купот. Но куп-натпреварите се токму затоа и интересни. Затоа што тука најчесто се случуваат изненадувања. Фаворити има само на хартија, Имаме некои свои амбиции и замисли. Ќе пробаме да ги исполниме на теренот“.

Јована Димовска ги искажа своите очекувања во пресрет на утрешното полуфинале:

„Очекуваме тежок натпревар. Но сепак спремни сме да дадеме максимумот од себе. Секоја од девојките е подготвена да даде се што може. И одиме кон победа“.

Натпреварот Баскет кам – МЗТ Бела бода ќе почне во терминот од 17.30 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.👇👇👇

Следете нé на социјалните мрежи