Време за одмор за ракометарите на македонскиот шампион на Еурофарм Пелистер воопшто нема.
Откако синоќа го одиграа натпреварот во Лигата на шампионите против Висла, кој го загубија, ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска со нов настап. Првакот гостува во Куманово кај истоимената екипа, воведниот натпревар во 22.коло на Супер лигата.
Ова е еден од двата натпревари кои ќе се играа денеска, а вториот е оној во Прилеп каде ќе гостува екипата на Радовиш.
Дербито на колото ќе се игра утре, а во него во Автокоманда, тимот на Алкалоид ќе го пречека лидерот на табелата Вардар.
Сите натпревари може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 22 КОЛО
петок 20.02.
КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 17.30 часот
ПРИЛЕП – РАДОВИШ 19.30 часот
сабота 21.02.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА 16 часот
БУТЕЛ – ТИКВЕШ 18 часот
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 19.30 часот
вторник 24.02
ПРОЛЕТ – ОХРИД 18 часот


































