Историски момент за македонскиот фудбал – првпат имаме наша екипа во „европска пролет“. Шкендија веќе остави трага, а двомечот против Самсунспор е нов предизвик и можност да се оди чекор понатаму.
Вечерва во Скопје, македонскиот шампион ќе го игра првиот натпревар против турската екипа, во рамките од 1/16 финалето на Конференциската лига.
Самсунспор фаворит, но тетовци веруваат во чудо. Капитенот Бесарт Ибраими нагласи дека тимот е мотивиран и оди на победа и дома и на реваншот.
„Сонот ни се исполни, но сакаме уште. Атмосферата е одлична, одиме на победа и дома и на реванш“ изјави Ибраими.
Тетовци влегуваат во мечот со голема мотивација и надеж дека ќе ја продолжат европската авантура и ќе стигнат до осминафинале.
Дел меѓу Шкендија и Самсунспор, што ќе се игра на Арена Тодор Проески во Скопје, ќе почне од 21 часот.




































