Македонската ракометна репрезентација направи значаен скок на најновата ЕХФ ранг листа.

По настапот на Европското првенство 2026, селекцијата собра 48 бодови и стигна до 15. место со коефициент 31,25. Тоа е напредок од четири позиции во споредба со минатата година кога Македонија беше на 19. место.

Во пресметката се земаат резултатите од последните четири години. Настапите од 2026 и 2025 носат целосни бодови, додека оние од 2024 и 2023 се вреднуваат со половина. Македонија има 30 бодови од 2023, 36 од 2024, 44 од 2025 и 48 од 2026.

На врвот убедливо води Данска со 118 бодови. Франција е втора со 94, а Германија трета со 91. Во топ десет се уште Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија.

Овој напредок е доказ за континуитетот и стабилноста на македонската репрезентација. Скокот на ранг-листата носи дополнителна мотивација за идните квалификации и големи натпреварувања.

Следете нé на социјалните мрежи