Шест натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата, а најнеизвесниот од нив беше оној во Бостон
Во „ТД Гарде“ домашниот тим на Селтикс надополни 22 поени негатива во дуелот со Мајами и славеше победа со 98-96.
Џејлен Браун постигна 29, додека Пејтон Причард 24 поени за победничката екипа, во кој дебитираше Никола Вучевиќ, Црногорецот оствари дабл-дабл со 11 поени и 12 скока во петтата победа во низа на Бостон.
Кавај Ленард постигна 31 поен, имаше девет скока и седум асистенции во победата на Лос АнџелесКлиперс од 114-111 над Сакраменто.
Џон Колинс додаде 22 поени, а Брук Лопез и Крис Дан по 15 за Клиперсите, кои по два врзано порази стигнаа до вкупно 24-тиот триумф. Сакраменто го претрпе 11-тиот пораз во низа, а вкупно 41-ви и е најслабата екипа во лигата.
Резултати:
Бостон Селтикс – Мајами Хит 98:96
Детроит Пистонс – Њујорк Никс 118:80
Милвоки Бакс – Индијана Пејсерс 105:99
Минесота Тимбервулвс – Њу Орлеанс Пеликанс 115:119
Портланд Треил Блејзерс – Мемфис Гризлис 135:115
Сакраменто Кингс – Лос Анџелес Клиперс 111:114




































