Кошаркарите на ТФТ ја потврдија фаворитската улога во дуелот со Чаир
Во последниот натпревар од 14.коло на Супер лигата, вицепрвакот ТФТ со 111-91 го совладаа Чаир.
Дека фаворитот од Тафталиџе нема да дозволи изненадување, потврди уште во првиот квартал. ТФТ имаше двоцифрена предност, а го доби периодот со шест разлика. Само еден поен надополни Чаир во вториот период, па на одмор ТФТ замина со предност од 59-54.
И во второто полувреме избраниците на Боро Смилковски продолжија во ист ритам, а од минута во минута ја зголемуваа предноста, На крајот ТФТ со конечни 111-91 се израдува на четиринаесеттата победа.
Гордон со 24 и Ташковски со 22 поени беа најефикасните играчи во победничката екипа.
Со оваа победа ТФТ се врати на врвот на табелата со 27 бодови, еден повеќе од второ пласираниот МЗТ Скопје. Сега чаирчани кои се на 10.место, имаат ист „скор“ (5-9 победи-порази) како и деветто рангираниот Работнички.



































