За прв пат од почетокот на сезоната во НБА, тимот од Колорадо претрпе три порази по ред.
Денвер и Њујорк одиграа незаборавен натпревар во „Медисон Сквер Гарден“. Нагетсите ја пропуштија победата на крајот од четвртата четвртина, па во продолжение Никси победија со 134:127.
Никола Јокиќ и покрај ограничената минутажа парадни неодамнешната повреда, одигра речиси 45 минути. За тоа време постигна 30 поени, додаде 14 скока и 10 асистенции, за првиот трипл-дабл по неговото враќање, воедно и прв во 2026 година.
Србинот повторно влезе во историјата на НБА. Тој има 181 трипл-дабл како Оскар Робертсон, па само Расел Вестбрук е пред него со 207. На Јокиќ за тоа му требаа 781 натпревар во регуларниот дел од сезоната, а Робертсон тоа го сторил играјќи на 1039.




































