Воведниот натпревар од 14.коло во машката Супер лига го добија кошаркарите на Феникс. На дуелот одигран во скопската населба Маџари, тимот на Феникс го победи Куманово со 86-84.
Во првото полувреме, двете екипа добија по еден квартал. Гостите од Куманово беа подобри во првиот (19-29), а домаќините во вториот (30-13). Затоа на одмор Феникс замина со осум поени предност 49-41.
Во третата четвртина предноста на Феникс се стопи, па кумановци во последната влегоа со четири поени плус (66-70). Кумановци имаа и најголеми седум поени предност, но Феникс не се откажа.
Со агресивната игра во одбраната избраниците на Денис Дервишевиќ го надополнија тоа и во завршните 30.секунди поведоа со 85-82. На спротивната страна Луковиќ реализира две слободни фрлања, па на 9.секунди пред крајот намали на 85-84. Имаа гостите и напад за израмнување или победа, но не го искористија, па Феникс заслужено се радуваше на шестата победа.
Американците, Дашон Дајсон и Алберт Матиус со по 18 постигнати поени беа најефикасни во победничката екипа.
Покрај овој натпревар, денеска се играат уште четири, а последниот (ТФТ-Чаир), на програмата е во петок.



































