Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, забележа многу важна победа во дуелот против црногорската екипа Подгорица.
Во претпоследното коло од групната фаза на АБА2 лигата, одигран вечерва во „Јане Сандански“, МЗТ славеше со 67:54. Во текот на целиот натпревар сино-белите го контролираа резултатот. Добија три од четирите квартали и заслужено ја впишаа четвртата победа.
Танасковиќ со двоен ефект со 14 поени и 13 скокови, заедно со Војдан Стојановски кој заврши со 13 поени беа творци на оваа победа на МЗТ.
Македонскиот шампион со 11 бодови сега е на 6.место на табелата има еден повеќе од вториот македонски претставник ТФТ. Составот од Тафталиџе претпоследен натпревар ќе го одигра на 4 февруари кога во Скопје ќе го пречека Студент.
Потсетување дека пласман во плеј-офот ќе обезбедат осумте прво пласирани екипи.


































