Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје аеродром вечерва ќе го игра седмиот натпревар во АБА2 лигата.
Аеродромци пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат црногорскиот тим од Подгорица.
Сино-белите кои досега имаат половичен учинок по три победи порази, се на десеттото место на табелата. Затоа вечерва императив победа, доколку сакаат да останат во игра за позициите кои водат во разигрувањето.
Јасно ми е тоа и на тренерот Васко Атанасов.
„Ова е натпревар кој мора да го добиеме и со тоа мисла напорно работиме изминатиов период.
Победата во домашното првенство ни ја поткрена самодовербата и мислам дека со агресивна одбрана и организиран напад ќе можеме да дојдеме до целта.
Играме дома, каде што имаме голема поддршка од трибините и верувам дека и овој пат со помош на верните навиваčи ќе моžеме да дојдеме до посакуваната цел“, вели Атанасов.
Старата народна вели „јунаците се познаваат на маката“, оваа поговорка секако важи вечерва за кошаркарите на МЗТ.
Дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Подгорица ќе почне во 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.


































