Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја впишаа единаесеттата победа, прва во вториот дел од сезоната.
Во натпреварот 12 коло на Супер лигата, аеродромци како гости го совладаа Маџари со 75-87 .
По две четвртини добија обете екипи, но решавачка беше втората во која сино-белите направија предност од 14 поени. Таа разлика домашниот тим на Маџири постојано ја бркаше, а дојде на минус 6, но тоа беше се’ што успеа да стори.
Прво име во победничката екипа беше младиот Марин Петков кој натпреварот го заврши со 26 на кои додаде н 6 скокови и 5 асистенции. На спротивната страна за Маџари двоен ефект имаше Амар Хот со 15 поени 11 скокови.
Со оваа победа МЗТ избиваат на врвот на табелата со 22 бода, еден повеќе од ТФТ кој својот натпревар од ова коло против Кожув ќе го игра во понеделник.





































