Втората полусезона од првенството во најсилната машка одбојкарска лига стартува викендов со натпреварите од плеј-оф и плеј-аут фазата.

Водечките шест екипи на табелата по завршувањето на првиот дел од сезоната, продолжуваат во плеј-оф разигрувањето, пренесувајќи ги бодовите од првиот дел. Играат двокружно „секој со секого“, а потоа првите четири екипи ќе обезбедат пласман во полуфиналето и ќе се борат за шампионската титула.

Во првото коло, в сабота лидерот Штип УГД го пречекува Сушево, додека дербито се игра во Скопје меѓу Работнички 71&22 и ГОК Борец. Дуелот меѓу Струмица 47&72 и Универзитет во Тетово е одложен.

Шесте клуба кои завршија во вториот дел на табелата, ќе ја сочинуваат плеј-аут фазата, во која ќе разигруваат за конечен пласман. Екипите ги пренесуваат бодовите и ќе се натпреваруваат двокружно (дома-гости). По завршувањето на натпреварите ќе биде позната нивната позиција во првенството.

Сите натпревари од првото коло од плеј-аут фазата се играат в сабота. Лирија игра дома со Јанта Волеј, Шкендија го пречекува Скопје, додека Македонија Џио ќе се соочи со Весна Пробиштип.

Следете нé на социјалните мрежи