Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го играат шестиот натпревар во регионалната АБА2 лига.
За аеродромци, многу пауза немаше, а тие одамна се подготвуваат за вториот дел од сезоната. Сино-белите, вечерва се исправени поред предизвикот и императивот на победа ви дуелот со новосадска Војводина.
МЗТ Скопје со 3 победи и 2 порази, во моментов се на делба од петтото до деветтото место на табелата исто како и вечерашниот противник Војводина.
До крајот на лигашкиот дел, покрај денешниот, аеродромци ќе играат играат уште два натпревар, со Подгорица дома на 28 јануари и на гости со Широки на 3 март. Првата цел секако е пласман меѓу осумте најдобри и настап во плејофот, а потоа и обид за враќање во АБА1 лигата.
Затоа избраниците на Васко Атанасов вечерва едноставно мора да победат. Натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, ќе почне од 20 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.



































