Бидејќи викендов има вонредно коло во Италија и Германија, а Англичаните посекако ги има во Куп, подготвивме нов тикет на колото со кој се надеваме дека ќе бидеме добитни конечно и за прв пат во 2026.

Одбравме 6 пара, а еве и мало образложение зошто баш нив и зошто таа игра.

ЊУКАСЛ vs СИТИ: ГГ

Сити гостува на Сент Џејмс Парк, а Њукасл секогаш е „како во транс“ кога игра на домашен терен. Ова е прв дуел, ќе има и реванш, па затоа очекуваме Њукасл да тргне по голот на Донарума посериозно, а таквото отварање да значи и поголема можност за гостите да пробијат по контри или со поотворена игра.

ЧЕЛСИ vs АРСЕНАЛ: 1П 0-2 и 2П 1-3

Очекуваме тесно лондонско дерби. Домаќините претпазливо да тргнат со новиот тренер, додека гостите и не се така познати по отворен фудбал во дерби дуели. Затоа не веруваме дека ќе има многу голови и оваа игра која ја има во Златна Копачка е нашиот избор за колото.

НАПОЛИ vs ПАРМА

Коефициентот за 1 не ни е примамлив, па затоа ќе одиграме похрабро дека ќе има гол во прво и гол во второ на дуелот помеѓу Наполи и Парма. Домашните мора да притиснат уште од старт, бидејќи ги чека густ распоред и што побрзо треба да „одморат“ главните играчи, а бодовите им се битни за да го стигнат лидерот Интер.

КОМО vs МИЛАН

Ново тешко гостување за Милан, кој овој пат гостува кај Комо. Претходниот викенд погодивме дека ќе има ГГ против Фиорентина, па ја продолжуваме истата серија.

ХАМБУРГЕР vs ЛЕВЕРКУЗЕН

Очекуваме голови на овој дуел, особено што гостите се разиграа во последно време, а Хамбургер дома е екипа која не се плаши да нападне. Сепак, типуваме дека головите ќе бидат во второ па затоа играме 2+ во второ.

ИНТЕР vs ЛЕЧЕ

За да ја задржи предноста пред Милан и Наполи, Интер мора да обезбеди бодови против Лече, па затоа овде играме 1-1 и 2+ за поголем коефициент, бидејќи мислиме дека нероаѕурите ќе го искористат лесниот распоред во следниот период и ќе фатат нова серија на победи.