Македонската ракометна репрезентација ја оствари и втората победа на „Јелоу куп“ во Винтертур, Швајцарија откако попладнево ја совлада Украина со 31:26 (13:17).

Натпревар со две различни полувремиња одиграа избраниците на селекторот Кирил Лазаров, првото со грешки, а второто со цврста одбрана за остварување нова победа.

Првото полувреме беше изедначено и резултатски се до завршницата на првиот дел кога македонските ракометари направија серија грешки во нападот и на полувреме Украина имаше водство од 17:13.

Сепак во вториот дел со многу подобра игра во одбраната Македонија брзо стигна и до предност 19:18, а потоа предноста беше постојано зголемуваа.

Утре во последното трето коло од турнирот Македонија игра со домаќинот Швајцарија (почеток 18 часот) во натпревар, кој ќе решава и за победникот на турнирот. Во вториот дуел од денешната програма Швајцарија игра против Бахреин со почеток во 20:15 часот.

Следете нé на социјалните мрежи