Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија е во швајцарскиот град Винтертурт. Таму, македонските ракометари настапуваат на турнирот „Жолт куп“ преку кој ја темпираат формата за Европскиот шампионат.
Македонија стартуваше со победа над Бахреин синоќа, натпревар во кој црвено-жолтите одиграа со многу осцилации. Тоа го потенцира и селекторот Кирил лазаров кој истакна дека има уште многу работи кои треба да се поправат.
Нова шанса да се покажат во уште подобро светло, макеоднскире ракометари ќе имаат вечерва. Во дуелот од 2,коло на турнирот Македонија за противник ќе ја има Украина која вчера беше надиграна од Швајцарија.
Вечерашниот натпревар ќе почне во терминот од 17.45 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).
Македонија веќе оствари една победа на овој турнир, а ние прашуваме со колку ќе го заврши. Гласајте овде (линк).
































