Селекцијата на бахреин е првиот противник на Македонија на турнирот „Жолт куп“ што се одржува во швајцарскиот град Винтертур. 

Искусниот пивотмен, Жарко Пешевски смета дека овие натпревари се исклучително важни за македонските репрезентативци. Преку нив, црвено-жолтите ќе ја градат играта за претстојното Европско првенство.

„Овој турнир е составен од репрезентации кои ги респектираме многу. Натпреварите ќе ни дојдат многу добро да се подготвиме за Европското првенство. Бахреин е репрезентација за почит, но ние си имаме свои планови за во иднина. Резултатот ќе биде во втор план. Фокусот е на нашата игра да се покажеме во одлична издание и да ги да ги намалиме сите тие недостатоци што сме ги имале во минатото и да бидеме подобри во иднината“, изјави Пешевски.

Натпреварот Македонија – Бахреин ќе се игра во терминот од 18 часот.

Следете нé на социјалните мрежи