Македонската ракометна репрезентација со победа го започна подготвителниот турнир „Жолт Куп“ во Швајцарија, совладувајќи гo Бахреин со 32-28. Натпреварот донесе голема борба и неизвесност, но избраниците на Кирил Лазаров ја покажаа карактер. На

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првиот дел имаа постојано водство, а на полувреме беше 15:13. На почетокот на вториот дел Бахреин го имаше и единственото водство од 20:19. Тоа како да беше сигнал за македонските ракометари, кои заиграа подобро и стигнаа до предност од пет разлика 29:24.

Најзаслужен за триумфот беше капитенот Филип Кузмановски, кој со девет гола беше прв стрелец и лидер на теренот. Покрај Кузмановски, одлични беа Велковски, Џонов и Ненад Костески со по пет гола.

Утре противник на Македонија ќе биде Украина која денеска загуби од домаќинот Швајцарија убедливо со 38-27. Македонија турнирот ќе го заокружи во сабота со натпреварот против Швајцарија.