Осум натпревари ноќеска беа на програмата во НБА лигата.
Актуелниот шампион Оклахома Сити претрпе втор пораз во низа.
Откако загубија на гостувањето кај Феникс, „Тандерси“ синоќа беа поразени пред своите навивачи од Шарлот и тоа убедливо со 97-124. По израмнетата прва четвртина (33-33), гостите во втората направија 17, а во третата уште 11 поени разлика, па последната ја одработија само формално. Брендон Милер со 28 и Кон Кнуепел со 21 поен беа најдобрите поединци во победничката екипа на Шарлот.
Шаи Гилгиус-Александар постигна 21 поен, со што го направи негов 108-ми натпревар по ред со 20 или повеќе поени. Тоа е втора најдолга серија во историјата на НБА.
Супер интересен натпревар одиграа екипите на Хјустон и Феникс кој домаќините го добија во финишот со 100-97.
Кевин Дурант постигна 26 поени, а неговиот тројка на 1,1 секунда до крајот им донесе победа на „Рокетс“. По натпреварот Дурант не го криеше задоволството што токму тој го „реши“ својот поранешен тим.
„Убаво е чувството да се игра против тим кој те исфрлил и те нарекол жртвено јагне за сите проблеми што ги имале“, изјави Дурант.
Гостите од Феникс имаа можност во последниот напад да се изборат за продолжение, но обидат за тројка на Девин Букер беше не прецизен.


































