Десниот бек на ГРК Охрид, Томислав Јагуриновски нема да биде дел од репрезентацијата на Македонија на претстојното Европско првенство.
Јагуриновски е првиот од поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров кој отпадна од националниот тим. Причината, Јагуриновски да отпадне од тимот е повреда.
Како што информираат од РФМ, во наредните денови селекторот Лазаров ќе го направи последниот пресек во вторник за кога е предвидено ракометарите да имаат слободен ден. Утре (понеделник) тие ќе го одработат и последниот тренинг, а во среда патуваат за Винтертурт, Швајцарија каде ќе одиграат три контролни натпревари.
Како што најави селекторот Лазаров, тој со себе на Европскиот шампионат ќе поведе 19 ракометари.
Претходно поради повреда (скршен прст) от селекцијата отпадна Валентин Карасманакис, а Лазаров како замена го повика Никола Марковски.




































