Осим натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата, а од нив ја издвојуваме новата одлична партија на Дончиќ и поразот на шампионот Оклахома.
Лука Дончиќ одигра феноменално во победата на Лејкерси над Гризлис со 120:114.
Словенецот беше на праг до трипл-дабл, завртувајќи го натпреварот со 36 поени, девет скока и осум асистенции. Него го следеше Леброн Џејмс со 26 поени, десет асистенции и седум скока.
Шампионот Оклахома Сити Тандер го доживеаја шестиот пораз оваа сезона, губејќи од Финикс Санс со 105:108.
Тандер имаа сè во свои раце, но Девин Букер погоди тројката на 0,7 секунди пред крајот. Гостите имаа можност за израмнување во последниот напад, но Аџај Мичел промаши шит за три од аголот на игралиштето.
Најдобар стрелец кај победникот беше Џордан Гудвин кој постигна 26 поени со осум тројки, што е најдобар резултат во кариерата. Букер заврши со 24 поени, а Брукс постигна 22 поени за Санс.
Резултати:
Кливленд – Детроит 110:114
Орландо – Индијана 135:127
Бруклин – Денвер 127:115
Мајами – Њу Орлеанс 125:106
Вашингтон – Минесота 115:141
Феникс – Оклахома Сити 108:105
Сакраменто – Милвоки 98:115
Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис 120:114


































