Во НБА лигата ноќеска беа одиграни осум натпревари, од кои ја издвојуваме победа на Селтиксите над ЛА Клиперси.
По шест победи по ред, тимот на ЛА Клиперси го претрпе првиот пораз и тоа на домашен терен. Бостон ја контролираше играта од самиот почеток, добивајќи три од четирите четвртини, на крајот да слави убедливо со 115:146.
Џејлен Браун беше феноменален , постигнувајќи 50 поени за 35 минути на теренот. Дерик Вајт го следеше со 29, а Џордан Волш имаше дабл -дабл со по 13 поени и скока. За Клиперсите, Џон Колинс и Кавај Ленард постигнаа по 22 поени.
Откако ги совладаа Њујорк и Индијана, се очекуваше Сан Антонио да ги победат Треилблејзерс без многу тешкотии. Сепак, тимот од Портланд покажа дека има квалитет, победи со 110:115.
Дени Авдија се истакна со трипл-дабл од 29 поени, 11 скока и десет асистенции, а Донован Клинган исто така беше многу добар со 24 поени, 12 скока и четири асистенции.
Резултати:
Мајами – Минесота 115:125
Њујорк – Филаделфија 119:130
Торонто – Атланта 134:117
Чикаго – Шарлот 99:112
Сан Антонио – Портланд 110:115
Далас – Хјустон 110:104
Голден Стејт – Јута 123:114
Лос Анџелес Клиперс – Бостон 115:146


































